Полициска акција за незаконски лов во Македонски Брод

by fokus

Голема количина месо од уловен дивеч, еден ловен карабин калибар 7.9 мм, ловечки пушки, муниција, патрони за ловечка пушка калибар 16 мм биле пронајдени во денешната полициска акција при претрес на домови и помошни простории кај три лица во село Долно Крушје, Македонски Брод.

Од слобода биле лишени М.Б.(37) и С.Б.(33) и биле задржани во Одделението за внатрешни работи Македонски Брод. Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Поврзани новости