Полициска акција во повеќе градови: претреси во врска со криумчарење луксузни автомобили

by Fokus

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.

Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбеди наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови.

Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски државјанин. Претресите се спроведуваат од припадници на МВР, а за натамошниот тек на постапката и за конкретните дејствија за кои постојат сомненија дека ги сторило секое од инволвираните лица, обвинителството ќе информира по нивното завршување.

Поврзани новости