Полициска акција во локал во Желино

by Fokus

При акциска контрола од полицијата, во локал во Желино-тетовско, приведени се три албански државјанки, пренесува МВР.

„На 02.08.2019 година во 00,35 часот во с.Желино–тетовско во угостителски објект сопственост на Ј.Ф. (42) од с.Желино, при акциска контрола од страна на полициски службеници од СВР-Тетово, три албански државјанки биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. При фотодокументирање на настанот од крим.техничар од СВР-Тетово, од страна на гостин во објектот Ш.И.(48) од с.Желино бил нарушен јавниот ред и мир, поради што бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Поврзани новости