Полицијата во Флорида доживеа шок кога возачот што го запреа на главниот автопат се покажа дека е десет годишно момче, објави Би-Би-Си.
Момчето и неговата единаесет годишна сестра биле запрени во Алачуа, стотици милји од местото каде што нивната мајка ги пријавила за исчезнати претходно оваа недела.
Полицијата соопшти дека децата избегале со автомобилот откако таа им ги одзела електронските гаџети.
-На нивно големо изненадување, полицајците забележаа 10-годишен машки возач како излегува, заедно со неговата сестра, соопшти полицијата
Канцеларијата на шерифот на округот Алачуа го опиша запирањето на возилото како висок ризик и доцна во ноќта – 03:50 по локално време во четвртокот.
Белиот седан во која патувале двете деца била пријавена за исчезната од нивната мајка во Норт Порт, Флорида, град на повеќе од 200 милји од Алачуа.
-Полицајците дознале дека двете деца биле вознемирени од нивната мајка бидејќи им ги одзела електронските уреди, што се верува дека е направено затоа што не ги користеле соодветно, соопшти канцеларијата на шерифот.
Полицијата додаде дека нема причина да се верува дека биле малтретирани дома.
Мајката на децата возела три часа на север до Алачуа за да ги собере своите деца.
-Нашите детективи долго разговараа со нивната мајка, која јасно даваше се од себе за да одгледа две мали деца и беше многу приемчива за препораките што ги дадоа за да и помогнат да добие помош, соопшти полицијата.