Маж од српскиот град Кикинда (44) бил исклучен од сообраќај бидејќи било утврдено дека возел велосипед со 3,51 промили алкохол во крвта.
Како што дознава Курир, патролата претходната вечер на улица забележала пијан маж и веднаш го исклучила од сообраќај. Тој е задржан до 12 часот и против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење.
Откако ќе се отрезни, нема само да се извлече, бидејќи насилното возење е казниво со висока парична казна и казнени поени, а можна е и затворска казна. Каков ќе биде судскиот епилог, ќе одлучат дополнително.
Лицето кое има 3 до 4,5 промили алкохол во крвта може да падне во алкохолна кома:
– Количината од 4,5 до 5 промили се третира како смртоносна доза, бидејќи тогаш се парализира центарот за дишење во мозокот и колабира кардиоваскуларниот систем – објаснуваат лекарите.
Во Кикинда и подрачјата под надлежност на оваа Полициска управа ваквите случаи, за жал, не се ретки, без разлика дали се работи за велосипедисти или возачи.
Неславниот рекорд за возење во алкохолизирана состојба се уште го држи еден возач „југо 55“ од подрачјето на Суботица.
Кога бил запрен од полициска патрола во 2019 година, полицајците биле зачудени. Возачот имал дури 4,21 промили алкохол во крвта.