Полицијата заплени 23 кг марихуана, осомничениот ги фрлил торбите и избегал

by fokus

Полицијата спречи трговија на 23 килограми марихуана на патот Стење-Царев Двор, ресенско. Како што информираа од МВР вчера околу 22.00 часот, во близина на с.Козјак, ресенско, по добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Битола затекнале две лица.

46-годишниот Б.Г. и 56-годишниот В.А. двајцата од Република Албанија, со живеалиште во Охрид, биле со товарно возило „Мерцедес Вито” со бугарски регистарски ознаки, а едно лице управувало патничко возило „Мерцедес“.

„Лицето со патничкото возило побегнало од местото, при што во близина на с.Долна Бела Црква од возилото фрлило две торби со околу 23 килограми марихуана. Б.Г. и В.А. биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Товарното возило „Мерцедес Вито“, торбите со марихуана и други предмети биле одземени за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на третото лице и патничкото возило и за целосно расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Поврзани новости