Припадници на специјалната полициска единица околу 21,30 часот се распоредија долж ходниците на Радио-телевизија на Србија со цел да се спречат демонстрантите да се качат во другите простории на РТС откако претходно упаднаа во зградата.
Right-wing Dveri party leader Bosko Obradovic is dragged out of the premises of Serbian public broadcaster RTS by riot police.
#1od5miliona pic.twitter.com/Dsv0ZYJw63— Balkan Insight (@BalkanInsight) March 16, 2019
Полицијата ги изнесуваше демонстрантите од РТС, еден по еден, носејќи ги за раце и нозе, а пред зградата каде имаше повеќе стотици граѓани струјата беше исклучена. Атмосферата и понатаму е тензична.
На 15-от граѓански протест „Еден од пет милиони” во Белград, демонстрантите вечерва од платото пред Филозофскиот факултет тргнаа во протестна прошетка, по која ги блокираа влезовите во зградата на РТС. Поголем број демонстранти, предводени од лидерот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ, влегоа во просториите на јавниот сервис.
Меѓу нив беа и Јелена Анасосовиќ, една од лидерите на граѓанските протести, како и лидерот на опозицискиот Сојуз за Србија Драган Ѓилас, пратеничката Маринка Тепиќ и лидерот на Демократската партија Зоран Лутовац.
Во зградата на РТС се слушаа тапани и свирки, како и скандирање „Оставки”. Демонстрантите порачаа дека нема да ја напуштаат РТС.
За време на вториот Дневник на РТС, беше прикажан прилог од протестите, но не и за тоа што се случува во зградата на телевизијата.
Пред и во сaмата зграда на РТС имаше силно полициско присуство.
– Дојдовме во зградата која им припаѓа на граѓаните на Србија. Дојдовме по три месеци игнорирање на информативната програма. Обезбедувањето на РТС застана на страна на народот и му дозволи да влезе, рече Обрадовиќ, кој додаде дека „нема да го напуштат РТС додека не се промени уредувачката политика.
Обрадовиќ и Ѓилас разговараа и со претставникот на обезбедувањето кој побара од нив да го откажат собирот. Тие тоа го отфрлија, а потоа рекоа дека ќе преговораат со уредниците, не остапувајќи од барањата за вклучување во програмата. Обрадовиќ, исто така, рече дека ја видел СМС пораката на генералниот директор на РТС Драган Бујошевиќ дека полицијата ќе интервенира во 21 часот.