Полицијата вршеше претрес во домот на францускиот министер за финансии

by fokus

Француската полиција во вторникот изврши претрес во домот на министерот за финансии Оливие Дусоп, кој е под истрага за корупција, незаконско преземање на интереси и фаворизирање, соопшти денеска полицијата.

Истрагата се однесува на два литографии што му ги подарила компанија во 2017 година, кога Дусоп бил пратеник и градоначалник.

– Обвинителството ја продолжува истрагата. Ова е нормално и ќе се докаже дека не сум виновен. Јас ги вратив литографиите пред неколку недели. Иако нема ништо казниво, јас претпочитав да ги вратам, за да заврши ова контроверзна истрага, истакна Дусоп.

Поврзани новости