416
Тетовската полиција изутрината во 8 часот добила информација за наводно поставена експлозивна направа во Основниот суд во Тетово.
Полицијата веднаш го обезбедила местото и по насоки добиени од Обвинителството ги презела потребните мерки, а била повикана и единицата за антитероризам на МВР за да се изврши проверка во целиот објект и околу него дали и каде има поставено експлозивно средство, информира МВР.
Случајот не бил пријавен на телефон, туку со оставен лист хартија во објект на улицата „Струшка“ во близина на Судот. Во тек се активности за утврдување кој го пријавил настанот и се друго поврзано со него.
Повеќе информации од полицијата најавуваат во текот на денот.