Полицијата во Тетово и Гостивар казнила 20 пијани возачи

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска во засилена контрола сообраќајната полиција во тетово казнила 20 пијани возачи.

-Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер и ноќеска од 23 до 5 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и законски санкционирани се 20 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол во организмот. Сите се веднаш исклучени од сообраќај, изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност, како и времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година, соопшти МВР.
Од МВР соопштија дека при контролата биле санкционирани и 10 други видови сообраќајни прекршоци.
-СВР Тетово апелира до возачите да не седнуваат зад волан доколку консумирале алкохол затоа што управувањето под дејство на алкохол ја доведува во ризик нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, соопшти МВР.

Поврзани новости