282
Полицијата во главниот град на Франција отворила оган и тешко ранила жена која упатила закани на железничка станица во Париз, изјави полициски извор за француските медиуми.
Очевидци раскажуваат дека жената, која била целосно прекриена, извикувала „Алаху акбар“ („Бог е најголем“) и се заканувала дека ќе детонира бомба, изјави изворот, пренесува францускиот портал „Локал“.
Според изворот, „полицијата пукала затоа што се плашеле за својата безбедност“.
Жената е тешко ранета во стомак и е во критична здравствена состојба.
Полицијата не пронашла никаква експлозивна направа кај неа.