Полицијата во Мароко заплени повеќе од два милиони таблети синтетичка дрога „каптагон”

by Fokus

Мароканската полиција денеска соопшти дека запленила повеќе од два милиони таблети „каптагон”, синтетичка дрога од семејството амфетамини.

Акцијата на заплената била изведена во пристаништето Тангер, на северниот брег на Мароко. Дрогата била скриена во товарен контејнер на брод што допловил од Либан, со крајна дестинација држава во западниот дел на Африка.

Запленети се точно два милиони и 18.500 таблети каптагон.

Во Мароко, кој е познат по производство и илегална трговија со производи од канабис, ретки се заплените на амфетамини.

„Каптагон” стана познат на Блискиот Исток последните неколку години. Тој вид дрога ја користат припадниците на Исламската држава, бидејќи амфетамините како активни психостимуланти ја ублажуваат физичката болка и даваат чувство на бестрашност.

Поврзани новости