429
Врие полиција во ноќните клубови низ Прилеп и Битола, информираат граѓани од таму. Полицијата во координација со УЈП врши акција низ локалите во овие градови.
Според извори од Министерството за внатрешни работи се претресуваат ресторани, кафулиња, барови, а се испитува дали нелегално точат алкохол на малолетници, дали се прекршува законот за пушење, или не издаваат фискални сметки.
Пред извесно време ваква акција беше спроведена во Скопје при што беа затворени околу тринаесет угостителски објекти.