Полицијата во Кичево во два случаи фатила дрвокрадци

by Fokus

Полицијата ноќеска во два одделни случаи ватила дрвокрадски во село Бигор Долненци во Кичево, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во периодот од 23 до 4 часот наутро, по пеземени мерки и активности на патот од с.Бигор Доленци кон населба Бичинци во Кичево, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода М.М.(24) од Кичево. При преглед во возилото ’цитроен’ без регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва без документација, две моторни пили, а не посеувал и докумнети за возилото“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека на патот од с.Бигор Доленци кон населба Бичинци било забележано и патничко возило „опел тигра“, но тоа не застанало на знак за запирање.

„Набрзо, возилото запрело, по што две лица кои се превезувале во него го напуштиле местото, а при преглед во возилото биле пронајдени огревни дрва. М.М., возилата, огревните дрва и моторните пиле биле предадени во Полициската станица Кичево за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Поврзани новости