256
Полицијата во Јужна Кореја уапси жена која се обидела да ја отвори вратата за итни случаи на авион додека била под дејство на дрога.
Полицијата на меѓународниот аеродром во јужнокорејскиот град Инчеон приведе 26-годишна жена откако неуспешно се обидела насилно да ја отвори вратата за итни случаи на летот на„ Korean Air“ од Њујорк до Инчеон, пишува „Yonhap“.
Осомничената покажувала знаци на вознемиреност по околу 10 часа лет, кога постојано се обидувала да ја отвори вратата, додека стјуардесите не ја задржале.
При полициската истрага осомничената била позитивна на дрога.