639
Полицијата ноќеска во Битола во угостителски објект затекнала 73 деца, а кај 32 од нив е утврдено дека се пијани, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека вчера вечер во период од 22 до 02.30 часот полициски службеници од СВР Битола, постапувале по планот „Безбедно лето 2023“, при што во објект на ул.„Македонска фаланга” во Битола, затекнати се 73 деца.
„Во присуство на нивните родители тие се алкотестирани, при што кај 32 деца е утврдено присуство на алкохол по што се предадени на родителите“, соопшти МВР.