Полицијата во Белград уапси лице кое извршило убиство во Македонија

by Fokus

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија во Белград го уапсија О.Ж. (1984) по потерница од Македонија за издржување затворска казна за убиство извршено во Македонија, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Постапката против О.Ж., на барање на Министерството за правда на Македонија, а согласно Законот за меѓународна правна помош во кривична материја, е префрлена на српските правосудни органи.

О.Ж. е уапсен по барање на Министерството за правда на Македонија, а ќе биде изведен пред Вишиот суд во Белград според потерницата распишана од Македонија за издржување затворска казна за кривично дело убиство.

Поврзани новости