Полицијата во Бејрут фрли солзавец врз демонстрантите

by Fokus

Полицијата денеска фрли солзавец на демонстрантите кои се обиделе да се пробијат низ ограда за да стигнат до зградата на Парламентот во Бејрут за време на протестите поради владините реакции за експлозијата во градот.

Околу 5.000 луѓе се собраа на Плоштадот во центарот на градот, од кои некои фрлале со камења.

Демонстрантите извикуваа: „Луѓето сакаат режимот да падне“.

Во експлозијата во пристаништето во Бејрут загинаа 154 лица, а беа повредени 5.000 лица и уништен дел од градот.

Владата вети дека одговорните ќе ги изведат пред лицето на правдата.

Поврзани новости