Во вкупно 25 ќелии во различни одделенија во затворот Идризово полицијата утрово заплени пари, мобилни телефони, компјутери дрога и ножеви, соопшти МВР.
Цела на денешната акција била пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, како резултат на зајакната меѓуинституционална соработка, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.
-При претресите пронајдени се: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела, како што изјави портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.
Дел од пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, додека останатите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка.