Полицијата вчера напиша 773 казни – 120 се за брзо возење

by Fokus

Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во поглед на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 773 платни налози.

Во рамки на веќе континураниот актуелен статистички тренд по однос на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и натаму најбројни се случаите на непрописно паркирање 225, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 120, а вчера е забележан и прилично висок број на прекршоци по основ на недавање на првенство на минување 51.

Изречени се седум мерки за возење под дејство на алкохол, а прекршочни пријави заработиле 8 пешаци.

За неносење сигурносен појас изречени се 69 санкции, 42 мерки за користење мобилен телефон, а во 72 случаи откриени се возачи што управувале возила без возачки дозволи.

Согласно Законот за возила од сообраќај се исклучени од сообраќај 21 нерегистрирано возило како и седум технички неисправни возила.

Поврзани новости