Полицијата вчера казнила 591 возач за брзо возење

by Fokus

Вкупно 591 возач вчера добиле казни за брзо возење во акциската контрола што Министерството за внатрешни работи ја спровело на територијата на Република Северна Македонија. Од нив, 70 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Поврзани новости