Сообраќајната полицијата вчера казнила 223 граѓани за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека во текот на вчерашниот ден спровеле засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
„При тоа санкционирани се 223 возачи. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 94 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место“, соопшти МВР.
МВР информира дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.