Полицијата употреби солзавец против демонстрантите во Париз

by Fokus

Француската полиција употреби солзавец врз учесниците во Конвојот на слободата кои протестираа во Париз поради епидемиолошките мерки и вакцинација против Ковид-19, но и против социјалната политика.

Во меѓувреме од две до три илјади луѓе, меѓу кои и припадници на движењето Жолти елеци маршираа против рестриктивните мерки, но и поради падот на животниот стандард и растот на инфлацијата.

Речиси 7.2000 полицајци беа ангажирани во Париз за да спречат блокада на Париз.

Илјадници противници на епидемиолошките мерки воведени поради Ковид-19 синоќа пристигнаа во Париз и поставија шатори во предградијата на главниот град на Франција.

Поврзани новости