Полицијата уби уште најмалку четворица демонстранти во Мјанмар

by Fokus

Безбедносните сили во Мјанмар убија денеска уште најмалку четири лица при разбивањето на протестите кои се одржуваат против воената влада во земјата.

Официјално се потврдени тројца загинати во градот Мандалају и еден во местото Пјај, но на социјалните мрежи се појавиле повеќе извештаи за смртни случаи заедно со фотографии од убиени и повредени демонстранти.

Обединетите нации наведуваат дека безбедносните сили на Мјанмар досега усмртиле најмалку 70 демонстранти, истакнувајќи дека постојат „се повеќе докази за извршено злосторство против човештвото“.

И покрај воведениот полициски час, демонстрантите излегуваат на улиците секој ден од 1 февруари, кога војската со преврат ја собори цивилната влада.

Полицијата употребува боева муниција и димни бомби против демонстрантите.

Освен апсењата на учесниците во протестите, полицијата спроведува претреси и апси луѓе во станови и куќи

Поврзани новости