407
Полицијата денеска уапсила уште шест лица за вооружената престрелката вчера во Мала Речица, објави ТВ 24.
Со тоа вкупниот број на уапсени лица за инцидентот во кој едно лице го загуби животот достигнa 10, откако четворица беа уапсени на пат за Скопје веднаш по пукањето.
Инаку, во вчерашната пресметка меѓу две групи од кумановскиот огранок на ДУИ загина Наим Реџепи, а повреден е неговиот брат Сабри Реџепи, како и Флорим Мисини од спротивниот табор.