Полицијата во Лондон се уште трага по мајка на новороденчето кое пред една недела на студ го пронашол случаен минувач, ставено во торба.
Во моментот кога било пронајдено, бебето било старо помалку од еден час.
Температурата надвор таа вечер била под нулата, соопштија од полицијата.
На бебето веднаш му била укажана помош од итната помош и било детално прегледано во локалната болница.
Лекарите рекле дека бебето е добро, напредува и не претрпело никаква штета од тоа што било оставено на студ по раѓањето.
Тоа се уште е во болница и лекарите на девојчето и го дале привременото име Елса.
Иако од тогаш помина една недела, полицијата се уште нема никакви информации за мајката.
Властите во Лондон се загрижени за здравствената состојба на мајката на бебето и полицијата уште еднаш ја повика да се јави за да добие соодветна помош.
„Исклучително сме загрижени за неа бидејќи помина низ многу трауматично искуство. Лекарите се подготвени да и помогнат, треба да се јави во најблиската установа. Ако сте мајката на бебето и го слушате ова, сакам да знаете дека вашата ќерка е добро“, рече началникот на полицијата Сајмон Кирк.