Се трага по жена од Кавадарци чие презиме е непознато, откако измамила повозрасен велешанец, ветувајќи му заеднички живот, а наместо тоа, му ги зела парите и исчезнала.
Како што информираат од СВР Велес, жената со иницијал И, а со непознато презиме, пред неколку дена се договорила со 73-годишен маж од Велес да живеат заедно во неговиот дом.
Тој и ги дал своите пари да му ги чува, а потоа кавадарчанката си заминала од кај него. Освен парите, му ја зела и австриската платежна картичка. Нема информација за која сума на пари станува збор, ниту пак на која возраст била жената.
– На 21.12.2023 во 10.40 часот во Полициската станица Велес, 73-годишен велешанец пријавил дека бил измамен од И.„Н“ од Кавадарци. Според пријавеното, пред неколку дена тие се договориле да живеат заедно во неговиот дом во Велес, по што и дал парични средства да ги чува, по што таа ги зела парите и неговата австриска платежна картичка и си заминала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Велес.
Вики Клинчарова