420
Полицијата трага по две девојки, за кои вчера било пријавено дека исчезнале, информираа од МВР.
Според информациите во полицискиот билтен, вчера во 13,20 часот во Полициската станица Кичево, Р.А. (66) пријавил дека на 27.03.2017 година околу 09,00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Л.А. (21).
На 29.03.2018 година во 22,30 часот во Полициската станица Карпош, С.А. (49) пријавила дека на 28.03.2018 година од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 17-годишна ќерка.
Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.