Полицијата трага по член на Судскиот совет поради незаконска приватизација на атрактивно земјиште

by Фокус

Одделот за организиран криминал во МВР го бара членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски за злоупотреба на службена положба и овластување во врска со незаконска приватизација на атрактивно земјиште, објави порталот СДК.

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, утринава веќе се приведени петмина вработени во Општина Тетово во рамки на овој случај, изјавила обвинителката Вилма Русковска за СДК.

Според порталот, станува збор за нелегално стекнато атрактивно државно земјиште и бесправна легализација на поранешното Тениско спортско Здружение Љуботен-Тетово, чиј поранешен претседател е токму членот на Судскиот совет Теофиловски, кој е зет на поранешната претседателка на Судскиот совет Александра Зафировска.

Поврзани новости