Полицијата синоќа упадна во 100 локали низ државата

by Fokus

Полициски службеници од Одделот за униформирана полиција на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Охрид, СВР Куманово, СВР Велес и СВР Тетово, во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, утринава во периодот од 0:00 до 4:00 часот спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на 185 локации.

Притоа, констатирани се пет прекршоци за присуство на малолетници после 00:00 часот, и тоа на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Куманово, СВР Велес и СВР Тетово.

При контролите, како што информира МВР,  бил констатиран и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје на подрачјето на скопски Чаир, при што кај  Д.Т.(25) од Скопје бил пронајден и одземен нож, како и два прекршока по Законот за лична карта на подрачјето на СВР Куманово.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат поради констатирани неправилности запечатени се два угостителски објекта, едниот во Сарај, а другиот во село Арнакија

Поврзани новости