352
Полицијата соопшти дека синоќа спровела акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје и возеле под дејство на алкохол.
„Санкционирани се 55 возачи кои ја пречекориле брзината за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 64 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 37 прекршочни платни налози“, информираат од МВР.
Од таму додаваат дека одделението за безбедност на патниот сообраќај спровело акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје, при што санкционирани се 24 возачи.