622
За време на вчерашниот јавен собир во Скопје пред Собранието, повеќе лица со фантомки фрлаа камења кон полицискиот кордон, но веднаш потоа се повлекоа во правец кон Жена-парк, соопшто Министерството за внатрешни работи.
„При преземање на мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир и извршен преглед кај повеќе лица на неколку локации во центарот на Скопје, приведени се девет лица кај кои се пронајдени пиротехнички средства, боксирач, скалпер, фантомки, заштитни маски со филтер и други предмети“, велат од полицијата.
Против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.