475
Триесет и седумгодишниот Ф.Б. од Скопје, вчера е лишен од слобода во СВР Охрид откако кај него била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„При преглед извршен во автокамап лоциран на брегот на Охридското Езеро, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронашле и одзеле кокаин и марихуана. Дополнително, при претрес извршен по судска наредба во неговата камп приколка, пронајдена е кеса со марихуана“,наведуваат од МВР.