386
Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово во беровското село Митрашинци по извршен претрес и пронајден експлозив динамит упасено е едно лице.
-Денеска во 6 часот во село Митрашинци, беровско, по добиена судска наредба од Основен суд Кочани, извршен е претрес во домот на Б.Б. (63) во с.Митрашинци. При извршениот претрес во куќата во која што тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограми) и 9 м бавногоречки фитил. Б.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.