373
14-годишно девојче, кое било пријавено за исчезнато од нејзината мајка, било пронајдено од полициски службеници вчера во интернет кафе во Битола.
„На 08 јануари во интернет кафе на улица „Елпида Караманди“ во Битола полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола ја пронашле А.М.(14) од Битола, која на 05 јануари од нејзината мајка беше пријавена за исчезната“, соопштија од МВР.