646
Полицијата во Куманово уапси 38-годишен маж под сомнение дека насилно влегол во црква во село Долно Коњаре и одзел пари, соопшти денеска СВР Куманово.
Вчера, во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ѓ. (38) од Куманово под сомнение дека истиот ден со употреба на сила влегол во црквата „Свети Спас“ во населбата Долно Коњаре и одзел пари, информираа од полицијата.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.