Во тек на вчерашниот ден две лица од Неготино во одделни случаи биле приведени во полиција, бидејќи под дејство на алкохол се однесувале агресивно и непристојно среде улица.
Како што информираат од СВР Велес, првиот настан се случил во 18.20 часот, кога 30-годишен неготинец на улица ,,Вардарска” го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување под дејство на алкохол, по што бил приведен.
Неколку часа подоцна, односно во 23.55 часот, бил приведен уште еден неготинец на возраст од 25 години, кој на улица ,,Маршал Тито” под дејство на алкохол се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
И двајцата биле задржани во полициската станица, а по документирање на настаните против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР Велес.
Полицијата приведе двајца пијани неготинци кои се однесувале агресивно и непристојно на улица
Во тек на вчерашниот ден две лица од Неготино во одделни случаи биле приведени во полиција, бидејќи под дејство на алкохол се однесувале агресивно и непристојно среде улица.
Како што информираат од СВР Велес, првиот настан се случил во 18.20 часот, кога 30-годишен неготинец на улица ,,Вардарска” го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување под дејство на алкохол, по што бил приведен.
Неколку часа подоцна, односно во 23.55 часот, бил приведен уште еден неготинец на возраст од 25 години, кој на улица ,,Маршал Тито” под дејство на алкохол се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
И двајцата биле задржани во полициската станица, а по документирање на настаните против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР Велес.
Вики Клинчарова