0
Полицајци од СВР Скопје денеска привеле 17-годишен малолетник од Скопје осомничен за две кривични дела – тешка кражба на дрзок начин, за што вчера бил пријавен од Р.М.Џ. од Скопје и за разбојништво за што вчера пријавил Б.Х..
Како што информираше полицијата, со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител и адвокат, при што тој го појаснил начинот на извршување на кривичните дела.
„Од него се одземени предмети поврзани со кривичните дела. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава против малолетникот“, соопштија од МВР.