Полицијата правеше претреси во домовите на Артан Груби и Прпарим Бајрами – тие не беа најдени дома

by Fokus

Полициски претрес утрово бил извршен во повеќе домови во Скопје, во рамките на акцијата за борба против мафијашките кланови, како и поради сомнежи за организиран криминал во Државната Лотарија.

Според информациите, извршен е претрес и во домот на поранешниот вицепремиер Артан Груби, но тој таму не е пронајден.

Од вчера во јавноста се шпекулира дека Груби е пребеган во Косово. Тој, сепак, се огласи на социјалните мрежи дека бил во приватна посета во Косово и дека ќе се врати, „веднаш штом ќе заврши со обврските“.

Информациите се дека претрес бил извршен и во домот на поранешниот директор на Лотарија на Македонија – Прпарим Бајрами, но и тој исто така не бил во домот.

За него постојат сомневања дека е пребеган уште пред неколку месеци во Косово. Во неговиот дом пронајдена е поголема количина пари во готовина, повеќе од 50.000 франци.

Поврзани новости