505
Досега немаме добиено никакво известување, ниту пак решение за тоа дека треба да се преземаат некакви мерки во однос на обезбедување, рече министерот Оливер Спасовски во вечерашното гостување на ТВ 21 коментирајќи го куќниот притвор на Орце Камчев и Панделески и тоа дали полицијата има преземено мерки.
На поставено прашање од водителот, за тоа што може да се случи во овие неколку часа откако Камчев и Панделески се во домашен притвор, Спасовски вели дека не сака да мисли на тоа што може да се случи.
Претходно, од СЈО за Фокус изјавија дека побарано е полицијата неколку пати во денот, ненајавено да вршат контроли, што е наведено и во решението на судот.