Полицијата на Спасовски не ги гони нарко-картелите, затоа се случуваат убиства, реагира ВМРО

by fokus

Власта на СДС и ДУИ дозволи нарко мафијата да владее по улиците. Структури во полицијата на Спасовски стана нивен заштитник. Акциите беа пробивани, а лицата кои евентуално беа откривани беа експресно ослободувани, реагира ВМРО-ДПМНЕ по двојното убиство во старата скопска чаршија.

-Последица на ваквиот раст на криминалот се убиствата како ова кое се случи завчера. Ваквите гангстерски пресметки на кланови станаа секојдневие.

Безбедноста на граѓаните е доведена во прашање. Во држава во која мафијата е во коалиција со власта животот на секој човек е загрозен.

Што уште треба да се случи Оливер Спасовски да си поднесе оставка? Неговите статистички гимнастики веќе не му поминуваат ниту во штабовите на СДС.

Едноставно е, ако полицијата не гони криминалци, на хартија криминалитетот ќе опаѓа, а во реалноста бандите ќе владеат со државата, реагира опозицијата.

Поврзани новости