Полицијата казнува на автопатот Скопје-Велес

by Fokus

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот денеска, од 09 до 14 часот, спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Скопје-Велес, при што биле санкционирани 64 возачи, информираат од МВР.

Од санкционираните, 24 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица за дури над 70 километри на час над дозволената.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Поврзани новости