539
Битолчанец треба да плати глоба од 100 евра, бидејќи сообраќајната полиција утврдила дека регистерската табличка на неговиот автомобил, не е доволно читлива, односно е избледена.
Од фотографијата која возачот ја објави на социјалните мрежи може да се забележи дека избледена е само кратенката МК, а остатокот од регистрацијата е читлив.
Возачот бил запрен и казнет кај граничниот премин „Меџитлија“ со Република Грција.
Останатите возачи коментираат дека е небулозно да се казнува за избледената кратенка, која треба да се менува, односно на новите таблици наместо МК ќе пишува НМК. Други возачи пак велат дека има граѓани кои намерно ја бришат кратенката МК за да влезат во Грција.
Како и да е, соoбраќаецот се повикал на член 37 од Законот за возила.