Полицијата казни 90 моторџии во Скопје

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се 90 возачи на мотоцикли, соопшти МВР. Од нив, 42 возачи не користеле заштитна кацига, 26 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Поврзани новости