Полицијата ја потврди пријавата за протест во „комуналeц“, директорката вети К-15

by Фокус

Во Полициска станица Гази Баба синоќа околу 23 часот е пријавено дека во јавно претпријатие на подрачјето на Гази Баба дел од вработените пред капијата одржуваат протест.

Полициски службеници излегле на лице место, при што било констатирано дека околу 50 лица протестираат, потврдија за МИА од МВР во врска со протестот на вработени во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

„Исто така, на 9.7.2023 околу 01.30 часот е пријавено дека дел од вработените ги попречуваат влезот во претпријатието и останатите вработени во извршувањето на работните обврски. Известен е јавен обвинител“, информираат од МВР.

Вработените во ЈП „Комунална хигиена“ синоќа излегоа на протест со барања за повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа.

На протестот се појави директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Николиќ Мазнева, која побара работниците да го прекинат штрајкот и да се вратат на работа.

Таа им вети на вработените дека ќе добијат К 15, но нагласи дека мора да се почитуваат зкаоните.

Разговорите ќе продолжат од понеделник.

Поврзани новости