Полицијата изврши претрес во стан на хрватски министер

by Fokus

Полицијата утрово почна да го претресува станот на хрватскиот министер за градежништво, просторно планирање и државен имот Дарко Хорват, пренесува Хина, повикувајќи се на неофицијални информации од хрватските медиуми.

Полицијата и државното обвинителство се уште не се изјасниле околу таа информација.

Порталот Телеграм неофицијално дознава дека Хорват е поврзан со злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Извори за порталот велат дека истражни органи ја проверуваат вмешаноста на Хорват во злоупотребите за кои е осомничена неговата поранешна помошничка Ана Мандац.

Ускок се сомнева дека таа, на барање на Јосипa Римац, поранешна градоначалничка на Книн, организирала државна помош за претприемачи од Министерството за економија во времето кога го предводел Хорват, пишува порталот.

Поврзани новости