Полицијата истражува – ученици во скопски Центар пишувале списоци со имиња на соученици

by Fokus

МВР информира дека денеска во полициската станица Центар во присуство на стручен тим од Центарот за социјални работи и неговите родители, извршен е службен разговор со 12-годишен малолетник – ученик од основно училиште на подрачје на Центар, по добиена пријава дека додека бил на час на кој се разговарало за случајот во соседна Србија, почнал да пишува имиња на ученици.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

За сличен случај МВР информираше и вчера, кога во СВР Скопје 47-годишна жена пријавила дека во основно училиште на подрачје на Центар ученичка во училиштето направила список со закани за соученици.

Известена е директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

 

Поврзани новости