612
Вчеравечер, 20 годишник од гостиварското село Чајле бил уапсен, затоа што физички ја нападнал својата поранешна девојка.
„На 11.02.2022 во 19.30 часот во с.Чајле од полициски службеници од Полициско одделение Чегране лишен од слобода е В.Ј.(20) од с.Чајле, бидејќи физички нападнал 18-годишна жителка на гостиварско село, со која порано биле во љубовна врска. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“,информираат од МВР.