Полицијата го повикала на разговор наставникот кој тепаше ученик во Бутел

by fokus

Министерството за внатрешни работи денеска ги повикале на разговор лицата инволвирани во инцидентот што се случи вчера во основно училиште во Бутел, меѓу кои и наставникот кој се гледа дека го удира седмооделнецот.

-Денеска околу 15.45 часот во Полициската станица Чаир, К.А.Р., директорка во основно училиште во скопската населба Бутел, поднесе писмено известување во врска со видеото од социјалната мрежа „Тик-Ток“. Во врска со случајот МВР презема мерки за негово расчистување, а уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани во случајот.Известен е и Јавен обвинител, велат од МВР.

Објавено видео на кое наставник шамара ученик во училиште во Бутел

Поврзани новости