507
Полицијата го откри администраторот и ги има телефонските броеви на членовите на затворената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ на која се објавувани фотографии со експлицитна содржина, објави МИА повикувајќи се на извори од истрагата.
Станува збор за околу 7.400 телефонски броеви, меѓутоа повеќе детали не се откриваат од досегашната истрага што ја води Бирото за јавна безбедност.
Претходно, МВР соопшти дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот со затворената група, која споделувала фотографии и видео од девојчиња со интимна содржина.